Заштедете време

Пребарајте брзо и лесно низ широкиот асортиман на производи. Пребарај

ИСТОРИЈА

Фирмата Профимак 2013 ДООЕЛ од Битола се занимава со увоз и продажба на широк спектар на резервни и потрошни делови за моторни пили, косилки и тримери.

Основната идеја на нашата деловна стратегија е да се пристапи со максимална професионалност и логистика во опслужувањето на потребите на корисниците на мали машини во секторите шумарство и градинарство. Благодарејќи на широкиот асортиман на производи можеме да се пофалиме со успешна и се поголема соработка со многу фирми на домашниот пазар.

Нашата компанија е основана во 2013 година, со една голема и ентузијастичка идеја зад себе. Онаа логистика со потребните делови и услуги што ја добиваат корисниците на моторни возила, да ја добиваат и корисниците на мали наменски машини од областа пред се на шумарството и хортикултурата.

Профимак 2013 ДООЕЛ се занимава со увоз и продажба на широк спектар на резервни и потрошни делови за моторните пили, косилките и тримерите од најреномираните светски производители Штил, Хускварна, Долмар, Јонсеред, Алпина и др.

Застапници сме за производите на најпознатиот светски производител OREGON, од чија програма најзастапени во нашиот асортиман се ланците за пили, турпиите за ланци, мачеви и останати потрошни делови за моторни и електрични пили.

  • oregon
  • tecomec
  • aip
  • divinol
  • nevada
  • raisman
  • siatline
  • walbro
  • wiltek
  • zama